Category Archives: Хеортологија

Историја на Божиќното празнување – Михаил Скабаланович


Историско – хеортолошки осврт на празнувањето на еден од најголемите христијански празници Рождество Христово – Божиќ, влијанијата, приликите и околностите за настанокот.
Михаил Скабаланович (1871 – 1931) е доктор по црковна историја, професор во Киевската духовна академија на катредрите по латински јазик, Стар Завет и догматика, како и Византологија на повеќе факултети.
Текстот го чита ѓакон Димитар Арсовски.

Божиќниот пост – Схимонах Константин (Каварнос)


Текст во кој се зборува за Божиќниот пост, мал хеортолошки и историски осврт, како и начинот на кој се постат овие пости.
Текстот го чита ѓакон Димитар Арсовски.

Покров на Пресвета Богородица


Кратко за празникот Покров на Пресвета Богородица кој е тесно поврзан со празнувањето на споменот на светиот Андреј јуродивиот Христа ради, во чие што житие се наоѓаат податоци за ова чудесно јавување на Пречистата Владичица, како и краток хеортолошки осврт за настанокот и богослужбата за самиот празник.
Текстот го чита ѓакон Димитар Арсовски.

За празниците Богојавление и Св. Јован Претеча


Извадок од разговор со ѓакон Димитар Арсовски по повод празникот Богојавление. Во разговорот се зборува и за ликот и делото на Свети Јован Крстител и Претечата Христов, како и за начинот на празнување на овие празници. Овој разговор е реализиран во 2013 год. за Канал 8 ТВ – Кочани.

Историја на празнувањето на Божиќ


Краток историски осврт на празникот Рождество Христово – Божиќ, за начинот на празнување, одредување на датумот, богослужбените текстови и слично.
Текстот го чита ѓакон Димитар Арсовски.