Category Archives: Разговори

Aпостолските пости


Снимка од од емисијата „На тема“ во реализација на Канал Плус ТВ каде што се зборува за христијанскиот поглед на постите, нивната суштина со посебен осврт на апостолскиот пост.
Разговорот го води Тања Велкова, а гостин е ѓакон Димитар Арсовски.

За лажната духовност вон Црквата – Архимандрит Георгиј (Капсанис)


Сведоштво на старец Георгиј Грегоријатски од едно негово присуство на собир на пентикосталци*, но зборува за „духовните доживувања“ и на членови од други секти и религии, како и психолошко објаснување за сите ефекти кои се добиваат за време на таквите собири.
Текстот го чита ѓакон Димитар Арсовски.

____________
*Секта која се појавила во САД во 1886 год. и веруваат дека за време на нивните молитви добиваат посебна благодат од Светиот Дух, исто како што се излеала на Педесетница, по што и го добиле името.

За празниците Богојавление и Св. Јован Претеча


Извадок од разговор со ѓакон Димитар Арсовски по повод празникот Богојавление. Во разговорот се зборува и за ликот и делото на Свети Јован Крстител и Претечата Христов, како и за начинот на празнување на овие празници. Овој разговор е реализиран во 2013 год. за Канал 8 ТВ – Кочани.

Разговор со Стојанче Андов: По стапките на свети Јован, Архиепископ Шангајски и Санфранциски (Битолски)

Снимка од разговорот (во живо емитуван на 15.10.2014) со ипоѓакон Стојанче Андов, студент на факултетот „Света Троица“ во Џорданвил, Њујорк:
По стапките на свети Јован, Архиепископ Шангајски и Санфранциски (Битолски). По повод 20 години од неговата канонизација (1994-2014)
.