Category Archives: Предавања

Зошто страдаме – Андреј Десницкиј (втор дел)


Вториот дел од текстот на библистот Десницкиј во кој се обработува страданието од Православна гледна точка.
Текстот го чита ѓакон Димитар Арсовски.

Advertisements

Зошто страдаме – Андреј Десницкиј (прв дел)


За смислата на човекото страдање гледано низ призмата на книгата Јов.
Доктор Андреј Десницкиј е познат руски библист и филолог кој има работено на околу педесетина научни трудови.
Текстот го чита ѓакон Димитар Арсовски.

Првиот и вториот член од Символот на верата


Дел од предавањето на ѓакон Димитар Арсовски за првиот и вториот член од Символот на верата. Предавањето е емитувано на Македонско Радио на 15.11.2017 година во емисијата „Православна ризница“.

Предавање на ѓакон Димитар Арсовски (2 дел)


Втор дел од предавањето на ѓакон Димитар Арсовски на тема „Животот на Христос“ кое е емитувано во емисијата „Православна ризница“ на Македонско Радио.

Јогата и медитацијата – монах Арсениј (Влианкофтис)


Текст од монах Арсениј во кој се зборува дека во практикувањето на јогата и медитацијата нема ништо заедничко со православното предание, аскезата или некои наводно слични техники, како и изложување на православниот став по ова прашање.
Текстот го чита ѓакон Димитар Арсовски.

Што сведочи преданието за Христос


По барање на верниците, а со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, во Градската библиотека „Искра“ во Кочани секој втор петок се одржуваат предавања од областа на Православната вера, култура и етика. Ова е дел од последното предавање кое се одржа на 03.02.2017 год. во кое се зборува за некои податоци кои се поврзани со животот на Христос кои не се запишани во Светото Писмо, а се зачувани во Светото Предание.
Предавач е Димитар Арсовски, ѓакон при храмот „Св. Вмч. Георгиј“ – Кочани.

Историја на Божиќното празнување – Михаил Скабаланович


Историско – хеортолошки осврт на празнувањето на еден од најголемите христијански празници Рождество Христово – Божиќ, влијанијата, приликите и околностите за настанокот.
Михаил Скабаланович (1871 – 1931) е доктор по црковна историја, професор во Киевската духовна академија на катредрите по латински јазик, Стар Завет и догматика, како и Византологија на повеќе факултети.
Текстот го чита ѓакон Димитар Арсовски.

Kратка историја за новогодишната прослава


Накратко за потеклото и почетоците за празнувањето на административната нова година, како и православен поглед на истата.
Текстот го чита ѓакон Димитар Арсовски.

Божиќниот пост – Схимонах Константин (Каварнос)


Текст во кој се зборува за Божиќниот пост, мал хеортолошки и историски осврт, како и начинот на кој се постат овие пости.
Текстот го чита ѓакон Димитар Арсовски.