Category Archives: Некатегоризирано

Православието, феминизмот и антропологијата – Владимир Мос (3 дел)


За феминизмот и односот помеѓу мажот и жената, сексуалноста и дали жената може да биде свештеник.
Текстот го чита ѓакон Димитар Арсовски.

За Митровденската задушница


За значењето на задушницата и молитвата за упокоените во надеж на воскресение, настанок и историја на оваа задушница, како и значењето на свеќата, виното и пченицата.
Текстот го чита ѓакон Димитар Арсовски.

Толкување на Великопосната молитва – Св. Лука Кримски


Толкување на Великопосната молитва која се чита за време на Велигденскиот пост. По секоја прозба на молитвата се прават длабоки поклони (метании).
Текстот го чита ѓакон Димитар Арсовски.

ВЕЛИКОПОСНА МОЛИТВА ОД СВ. ЕФРЕМ СИРИН
Господи и Владико на мојот живот, не давај ми дух на леност, безволност, властољубие и празнословие (поклон).
Даруј ми, пак, како на Твој раб Дух на целомудреност, смиреност, трпение и љубов (поклон).
Еј, Господи, Цару, дај ми да ги согледам моите прегрешенија за да не го осудувам мојот брат, зашто Си благословен во вечни векови. Амин (поклон).