Со благослов на Неговото Високопреосвештенство г. Иларион во септември 2014 година се формираше црковниот хор „Св. Спасо Радовишки“. За формирањето на хорот помогнаa ѓакон Коста Донев и диригентот чтец Мите Јефремов. Овој хор секоја недела одржува проби и постојано се надградува со нови композиции т.е. тропари и литургијски химни. Инаку децата активно земаат учество во неделните Литургии.
Сниманиот материјал е од настапот на духовната академија по повод празникот посветен на Св. Спасо Радовишки која се одржа во дворот на храмот „Св. Троица“ во Радовиш на 20.08.2016 година.
Композиции:
– Воскресен тропар глас 8
– Тропар на Св. Спасо Радовишки
– Тропар на преображение
– Иже Херувими
– Јако да царја
– Бородице Дево
– На Твојата тајна вечера
– Видјехом свет истинии
– Да исполнатсја